Пратениците на денешната 100-та седница одлучија Законот за организација и работата на органите на државната управа да оди во скратена постапка.
За оваа точка треба да заседава матичната и Законодавно-правната комисија.
Целта на овие измени е надминување на констатираните непочитувања, недоследности на професионалната етика, основните принципи на ризично управување, кои беа утврдени во препораките содржани во извештаите за државата на ЕК, идните реформски приоритети, препораките на Групата на високи ескперти предводедна од Рајнхард Прибе преку воспоставување модел за реформа на безбедносно разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија, со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на МВР, а во постоечкото законско решение ќе биде утврден нов организационен облик на самостоен орган на државната управа кој ќе се вика Совет.
Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон кој уредува повеќе значајни прашања за работата на органите на државната управа. Донесен е во 2000 година, како дел од пакетот закони кои ги претставуваа првите чекори во однос на внесување новини во организацијата и работата на државната управа како дел од извршната власт. Од донесувањето во 2000 година до денес, законот претрпе четири измени и дополнувања во насока на подобрување на условите за работа и функционирањето на органите на државната управа согласно општествено – економските и политичките промени и услови.