(Видео) Mолња погоди руска ракета

Ракетата носач „Сојуз 2.1б“, лансирана утринава од воениот космодром „Плесецк“, веднаш ја погоди гром, соопшти дописникот на телевизијата „Звезда”.

Ударот од молња се случил 10 секунди по полетувањето на ракетата. Инцидентот не влијаел на лансирањето.

 

 

Лансирањето на ракетата носач со навигацискиот сателит „Глонас М” од „Плесецк” е прво во 2019 година.

Руската сателитска навигациска група „Глонас М” во орбитата ја сочинуваат 26 сателити, од кои еден поминува тестирање, а еден стои како резерва.

Треба да знаете
Последни објави