ВМРО-ДПМНЕ: Животот ќе започне кога Заев ќе си отиде од власт

Зоран Заев лично е виновен за се што и се случува на Република Македонија. Зоран Заев нема да се сокрие позади оставката на неговиот слуга Павле Богоевски. Заев нема да се сокрие и позади Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов кои беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.  Метлата е очигледно само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на чело со Заев и Шекеринска. Заев треба да престане да се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори.

 

Треба да знаете
Последни објави