ВМРО-ДПМНЕ: Заев спроведе чистка само за да си ја осигура партиската позиција

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција. Заев знае дека заминува во длабока опозиција. Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ.

Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните.  Граѓаните се незадоволни од власта, а не од луѓе кои вршат партиски функции на партијата. Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е фарса за одвлекување на вниманието од реалноста која е сега моментално во државата.

Под итно потребна е целосна одговорност. Назадувањето на државата не се решава само со смена на луѓе со партиски функции, потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев.

 

 

Треба да знаете
Последни објави