ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник, исто како неговиот шеф Заев

Време е Шилегов да престане да глуми градоначалник и да ги засука ракавите да започне да работи. Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на Петре Шилегов.

Петре Шилегов година ипол како е градоначалник, а за Град Скопје ништо не стори. Не знаеме Шилегов колку е добар за својата партија, но за граѓаните не е. Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка.

Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, кој по година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект.

Шилегов нема  капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.

 

Треба да знаете
Последни објави