Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот(24, 25, 26 мај) извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 1197 возачи, од кои 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 120 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека четири возачи не користеле сигурносен појас. Издадени с евкупно 161 мандатен платен налог и 56 прекршочни платни налози.