Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна колку многу го чинело тоа да биде на чело на италијанскиот гигант и да води битка за учество во Лигата на шампионите за следната сезона. На крајот, „росонерите” завршија петти во Серија „А” и ќе играат во Лига Европа во сезоната 2019/20.
– Благодарен сум на тимот. Собраните 68 поени ме тераат да се чувствувам горд, и покрај болката поради тоа што не се пласиравме во Лигата на шампиони. Работата на тренерот треба да се оценува од клубот и експертите. Ќе се сретнеме и ќе разговараме. Сакам да слушнам што мислат тие за мојата работа, рече легендата на клубот, цитиран од „Фудбал Италија”.
Според него, тимот дозволил грешки во текот на сезоната и во иднина тие треба да се што е можно помаку.
– Но сепак мислам дека тоа беше добра година. Имам многу заедничко со овој клуб. Веројатно поради тоа чувствував повеќе притисок отколку требаше. Во текот на 18 месеци речиси не сум спиел, психички сум скршен. Овие моменти треба да ги имам во предвид за во иднина, додаде тренерот на Милан.