Граѓаните од прва рака утре ќе може да се информираат за финансиските услуги и инструменти. На платото на Министерството за финансии, по повод одбележување на Деновите на финансиска писменост, ќе се организира настан на кој свое учество со штандови ќе земат банките, осигурителните компании, штедилиниците, како и институциите од Телото за финансиска едукација – Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС.
Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот во текот на утрешниот ден. Во рамки на предвидените содржини е и интерактивен детски корнер во кој е предвидени забавна и едукативна програма за деца до 10 години. На настанот ќе присуствуваат и првите луѓе на институциите од Телото за финансиска писменост – министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, престедателката на КХВ Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Поповски и претседателот на Советот на експерти на МАПАС Максуд Али.
Ги покануваме сите заинтересирани да ги посетат штандовите на платото на Министерството за финансии и да добијат корисни информации и знаење за финансиите.