Екстремната десница победи во Франција, Макрон нема да го распушти долниот дом на француското собрание

Француската екстремно десничарска партија Националното обединување на Марин ле Пен освои најголем број гласови на изборите за Европскиот парламент со 0,9 отсто повеќе од партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објави Министерството за внатрешни работи.

За Националното обединување на Марин ле Пен гласале 5,3 милиони Французи, а за партијата на Макрон 5,1 милион, објави АП.

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да го распушти долниот дом на француското собрание по победата на десничарската партија Национално обединување на изборите за Европскиот парламент во таа земја, рече портпаролката на француската влада, Сибе Ндијаи.

Ндијаи изјави за француската телевизија БФМ дека резултатите од изборите нема да предизвикаат „политичка криза” и објасни дека францускиот премиер Едуард Филипе ја „има целосната доверба во претседателот”.

Ле Пен верува дека резултатите ја „потврдуваат новата националистичко-глобалистичка поделба” во Франција и дека најмалку што може да стори Макрон е да го распушти Народното собрание.

Треба да знаете
Последни објави