Заев: Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ сега е полоша отколку во времето на Груевски
Премиерот Зоран Заев по вечерашниот Централен одбор на СДСМ најави дека ќе следуваат и разрешувања на министри, заменици министри и директори, а се осврна и на состојбите во опозциската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе бидат разрешени повеќе министри, сега бројката не ја кажувам. Наредната недела го очекувам фидбекот и од ДУИ од разговорите кои ги имавме за разрешувањето. На испразнетите позиции ќе бидат назначени нови кадри. ВМРО-ДПМНЕ нека го следи нашиот пример. Таму се е за менување. Јас работев и кога беше Никола Груевски, сега таму состојбата е полоша од тогаш. Од овој одговор вие заклучете каква е состојбата, рече Заев.