Владејачките партии во голем број европски земји доживеаја непријатни изненадувања на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат прелиминарни резултати.
И во југоисточниот дел на Европа, гласачите избраа да ги претставуваат во ЕУ оние со нешто поинаков став на силите во „домашните парламенти”.
Удари претрпеа владејачките партии во Германија, Франција и Велика Британија, но исто така и Грција и Хрватска, а до одреден степен и во Словенија.
Владејачките сили ги подобрија резултатите во Унгарија и Италија.
Комплексниот механизам за избор траеше четири дена, при што 28 членки на Унијата избраа 751 членови на институцијата со седиште во Брисел и Стразбур.
Овој број ќе се намали штом Велика Британија ќе ја напушти Европската унија – дел од мандатот ќе биде дистрибуиран во други земји, а делот ќе биде зачуван за идно проширување
Хрватска
Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и опозициската Социјалдемократска партија (СДП) добија идентичен број мандати – четири.
Од предизборните истражувања, како и од резултатите од претходните избори, на ХДЗ му даваа голема предност, и изедначениот резултат на двете партии е – изненадување – СДП долго време не се приближил на владејачката партија на десниот центар.
Грција
Во Грција, опозициската Нова демократија, според излезните анкети, добила предност над владејачката Сириза од речиси девет проценти.
Таквиот резултат го натера премиерот Алексис Ципрас да бнајави за предвремени парламентарни избори, а евентуален датум се споменува на 30-ти јуни.
-Грчкиот народ треба да одлучи – нема да побегнам од битката, ние ќе влеземе во битката како што тоа сме го правеле секогаш, рече Ципрас по разочарувачкиот резултат.
Унгарија
Во Унгарија, резултатот беше сосема поинаков – партијата на премиерот Орбан освои повеќе од половина гласови од гласачите.
Со тоаа е дополнително засилена улогата на Орбан во идниот договор на европско ниво.
Досегашното членство на неговата партија Фидес во конзервативна партиска група, многумина го доведуваат во прашање и го поврзуваат со можното поврзување кон екстремно десничарската група на партии.
Словенија
Уште еднаш, во Словенија, политичката сцена беше поделена длабоко – од осум мандати, четири беа освоени од членовите на владејачката коалиција и од опозициските партии.
Најмногу поединечни мандати освои конзервативната партија на Јанез Јанша во коалиција со либералите – вкупно три, додека четвртиот мандат на опозицијата дојде од партијата Нова Словенија.
Партијата на премиерот Марјан Шарец освои две места, додека Социјалдемократите постигнаа добар резултат со два мандати.
Франција и Италија во десно, Германија во – зелено
На ниво на Европската унија, денот на изборите означи рекорден одѕив на гласачите во последните две децении – 50,5 отсто од гласачите гласаа во просек на ниво на ЕУ.
Емануел Макрон на европско ниво загуби од ултрадесничарката Марин Ле Пен.
Поразот на Макрон е еден од најсериозните удари што владејачките групи во Европа ги доживеаја на овие избори.
„Зелените” постигна историски резултат, главно поради одличниот резултат во Германија, каде се втора најсилна партија, прескокнувајќи ја Социјалдемократската партија (СДП).
Екстремната десница освои речиси двојно повеќе гласови во споредба со претходните избори, пред се благодарение на добрите резултати на италијанскиот популист Матео Салвини.
Меѓутоа, ако Виктор Орбан и другите европски популисти не им се придружат, тие ќе останат далеку од посакуваните најмалку 70 гласови со кои би можеле да имаат одредено влијание.
Резултатите во Велика Британија се сосема различни од сите претходни избори.
Партијата Брегзит на Најџел Фараж освои 21 мандат, а Либералните демократи 10, додека традиционалните партии – лабуристите се на 7, и конзервативците со само два мандата.
Иако во Велика Британија одѕивот беше повисок отколку на претходните избори за Европскиот парламент, избраните пратеници би можеле да бидат во ЕП само неколку месеци – се до евентуалниот конечен брегзит.