Кирацовски: Како поединци не сме битни, кадровските промени во СДСМ се за заедничко добро

,,Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени. Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели”, порача на социјалната мрежа Фејсбук, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој синоќа беше разрешен и на неговото место беше назначен министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Треба да знаете
Последни објави