Александар Кирацовски кој вчера беше сменет од функцијата генерален секретар на СДСМ, му ја честиташе функцијата на неговиот новиот генерален секретар на партијата Љупчо Николовски.
Кирацовски му честиташе на новиот генерален секретар на партијата Љупчо Николовски и рече дека Николовски се нафаќа, буквално, на една од неколкуте најтешки позиции, во чие практикување нема да биде сам, ќе ја има целата негова поддршка, поддршката од претседателот Заев и останатите истакнати сопартијци.
-Му честитам на мојот другар Љупчо Николовски, наследник на функцијата Генерален Секретар на СДСМ, за неговиот избор и му посакувам многу успех проследен со здравје и мудрост.
Љупчо е исклучителен човек, добар другар со вредности кои го издвојуваат.
Се нафаќа, буквално, на една од неколкуте најтешки позиции, во чие практикување нема да биде сам, ќе ја има целата моја поддршка, поддршката од претседателот Заев и останатите истакнати сопартијци.
Неговиот успех, ќе биде наш заеднички успех, а кон постигнување на истиот сите ние треба да бидеме негова поддршка, но и да имаме големо разбирање за неговата позиција, неговите постапки, неговите предизвици и бројните секојдневни обврски.
Гази напред, другар мој!
Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократска младина на Македонија во периодот 2010–2012, а пред тоа и претседател на битолскиот огранок на СДММ во периодот 2008–2010. Повремено пишувал колумни во дневниот весник „Дневник“.
Кирацовски бил дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на листа на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.
На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.