Истражувањата покажале дека сте најсилни во вечерните часови, како и дека тоа е најдобро време за губење килограми и зајакнување на мускулите. Вечерните часови се најдобро време за отстранување на маснотиите, затоа што тогаш вашиот метаболизам е во полна брзина и може да постигнете подобри резултати во пократок временски период.
Исто така, бројни истражувања укажале дека мускулите повеќе растат, како и дека се губат повеќе килограми ако тренирате по зајдисонце. Благодарение на циркадијалниот ритам, најсилни и најбрзи сме помеѓу 19 и 23 часот, а според мислењето на истражувачите од Универзитетот Јужна Каролина, најслаби и најспори сме во 7 часот наутро.
Меѓутоа, ако сте ранобудници, само напред. Не е важно кога, важно е да тренирате.