Музејот „Лувр“ денеска е затворен поради штрајк на вработените

Музејот „Лувр“ во Париз, кој е еден од најпосетените во светот, денеска е затворен поради штрајк на вработените кои тврдат дека имаат потреба од поголем број вработени, во оснос на бројот на посетители.

„Лувр се гуши и вработените се соочуваат со влошување на условите“, се наведува во соопштението на синдикатот на вработените.

Синдикатот наведува дека лани „Лувр“ го посетиле над 10,2 милиони лица, a бројот на посетители пораснал за над 20 проценти во однос на 2009 година.

„Зградата не е проширена додека бројот на вработени се намалува“, велат од музејот.

Треба да знаете
Последни објави