Вчера во ПС Берово Ј.К.(62) од селото Русиново, пријавил дека во атар на Берово, на место викано Суви Лаки, во негова нива пронашол неексплодирана стара граната калибар 75мм непозната марка.
Полицијата извршила увид, а од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.