„Нефа мебел“ тврди дека ќе ги вратат парите, Финансиска полиција ќе истражува

Управата за финансиска полиција ќе го чешла работењето на фирмата Нефа-мебел, откако во јавноста излезе информација дека стотина граѓани се оштетени, откако компанијата ги затворила своите продавници, а не ги испорачала нарачките.

-Отвараме предистрага по допрен глас добиен од медиумите. Воедно, од страна на Пазарната инспекција е побарано од нас да се вклучиме во проверките за измамените граѓани на Република Северна Македонија, ни изјави Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

Во Државниот пазарен инспекторат повеќе од 15 граѓани утрово пријавиле дека се измамени од компанијата Нефа-мебел. Во меѓувреме инспектори во цела Македонија се излезени на терен и евидентираат каков мебел и капитал поседува фирмата.

Скандалот со компанијата прво се откри во Србија, кога фабриката се затвори, а 300 работници останаа на улица, барајќи си ги заостанатите плати. Во Македонија компанијата преку ноќ затвори 14 салони. Српските медиумуи оценуваат дека се работи за измама на деценијата.

Во меѓувреме, спрпски „Блиц“ објави соопштение од рускиот инвеститор Андреј Ходашевиќ, кој тврди дека ниту еден граѓанин нема да биде измамен.

Ходашевиќ ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите и оти до 31 мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија која сума, тврди, ќе биде доволна за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.

„Искрено се извинуваме поради стресот кој го претрпевте врз основа на медиумските објави за руски крадци и измамници. Тоа не е точно, нашите компании не користеа субвенции од државата, ниеден динар не завршил на приватни сметни“, пишува во отвореното писмо.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави