Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на 1ТВ на прашањето дали е човек на Шекеринска или на Заев, одговори дека во СДСМ има огромно единство.
-Постои огромно единство во СДСМ. Вчерашната дебата покажа дека такви одлуки се носат во една силна демократска атмосфера. Имаше различни статови за различни политики, и претходно имало членови кои различно дискутирале од претседателот Заев, рече Николовски.
Извор: Фокус.мк