Потврдена пресудата за Ливиу Драгнеа

Врховниот суд на Романија ја потврди пресудата со која лидерот на Социјалдемократите Ливиу Драгнеа е осуден на три години и шест месеци затвор за поттикнување на злоупотреба на положба.

Драгнеа, кој исто така е претседател на Долниот дом на Парламентот, минатата година вложи жалба на првостепената пресуда, но денешната пресуда е конечна.

Ливиу Драгнеа претходно е осуден и за манипулации на избори.

Треба да знаете
Последни објави