Потона брод со просветни работници во Конго, најмалку 30 загинати и 200 исчезнати

Властите во западниот дел на Конго објавија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати кога бродот потонал во езерото Маи Ндомба.

Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници и дека патувале со брод за да ги подигнат платите, бидејќи патиштата во областа биле во ужасна состојба, објави АП.

Засега не е познато колку луѓе имало на бродот што потона во саботата вечер поради лошите временски услови.

Се претпоставува дека на бродот имало неколку стотици патници, од кои 80 успеале да се спасат

Треба да знаете
Последни објави