СВР Скопје во изминатите три дена во сообраќајна контрола казнила 270 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои 73 возачи затоа што управувале без да се стекнат со право за управување на моторно возило, a четворица затоа што биле возачи-почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 57 биле нерегистрирани и пет возила затоа што биле технички неисправни.
Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози и 114 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.