Сослушан убиецот од Нов Сад: Бев во кафеана, па потоа цел бес го истурив врз сопругата
Горан Јанковиќ кој денеска беше уапсен поради сомнение дека со чекан ја убил својата сопруга Мирјана, нејзината мајка Нада и татко ѝ Бранисла Пајиќ, сослушан е во полиција во Нови Сад, а како што пишува Курир.рс го признал злосторството.
Јанковиќ за време на сослушувањето бил ладен и смирен, што ги изненадило полицајците. Во ниту еден момент не покажал каење.
-Се изнервирав кога сопругата на 11. мај ме пријави за насилство. Не можев никако да се помирам со тоа, па почнав и да пијам. Ноќта пред злосторството бев во кафеана. Дома се вратив во околу 4 утрината, а се разбудив во околу 5 ипол. Нешто ми кврцна во главата и одлучив да одам кај жената со намера да ѝ се одмаздам – рекол Јанковиќ.
Тој признал дека бабата ја убил со чекан, а дека сопругата прво ја тепал и давел.
-Целиот бес го искажав врз неа – додал монструмот.
Исто така рекол дека свесно се криел и дека немал намера да се предаде на полицијата.
-Размислував како да преминам граница. Тоа ми беше целта. Сакав да си заминам одовде да се соберам – изјавил Горан, пишува Курир.рс
Тој беше уапсен денеска после тридневна потрага по него.