Судењето за „Ликвидација” почнува од почеток на 2 јули

Судењето за предметот „Ликвидација” почнува од почеток на 2 јули по укинувањето на пресудата од страна на Врховен суд. Највисокиот суд пред три недели ги укина пресудите за предметот што е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, а во кој еден од осудените е и новинарот Томислав Кежаровски.

Новинарот Томислав Кежаровски првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, а потоа казната му беше намалена на 2 години затвор. Тој беше осуден дека во новинарски текст објавил идентитет на заштитен сведок.

Осуммина лица поврзани со предметот „Ликвидација“ беа осудени за различни кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави