Тимерманс: Оставање на работите какви што се не е опција за Европа

Водечкиот кандидат на европските социјалисти и демократи, Франс Тимерманс, ги повика сите демократски и прогресивни сили во Европскиот парламент да работат заедно на програмата за иднината на ЕУ.

Тимерманс оцени дека задржувањето на работите како што се, за што се залага Европската народна партија, не е опција за Европа.

-Сакам прогресивна и динамична платформа, каде стабилноста не е првото нешто што мислам кога мислам на Европа. Стабилноста значи да се чуваат работите онакви какви што се. Мислам дека тоа не е она што и треба на Европа. Европа треба да гледа динамично кон иднината и да преземе соодветни чекори за да ја приближи иднината, нагласи Тимерманс.

Кандидатот на социјалдемократите за претседател на Европската комисија нагласува дека и конзервативците и социјалдемократите загубиле места во Европскиот парламент по овие европски избори и за првпат немаат мнозинство.

– Се повеќе станува тешко да се формираат коалиции. Но, поради тоа што добивме повеќе од 150 гласови, имаме одговорност да направиме нешто позитивно за ЕУ, и за тоа ни е потребна коалиција, рече Тимерманс.

Тој нагласи дека социјалистите и демократите се подготвени да работат со сите прогресивни сили во Парламентот, во обид да пронајде „заедничка програма за следните пет години што ќе ја подготви Европа за 30 години што доаѓаат”.

Треба да знаете
Последни објави