Јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако приредија вечера за американскиот претседател Доналд трамп и неговата сопруга Меланија во Царската палата во Токио.
На вечерата се служени француски специјалитети, а гостите вечераа во придружба на Царскиот оркестар.
На менито имаше кралска супа, сезонска салата, говедско месо, риба иверак, а за десерт сладолед со диња и грозје.
На првата свечена вечера што ја приредува јапонската царска двојка присуствуваа 165 гости, меѓу кои и премиерот Шинзо Абе, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.
Трамп е првиот светски лидер кој се сретна со јапонскиот цар, откако дојде на престолот на 1 мај.