Трикратниот убиец Горан Јанковиќ, кој беше уапсен денеска три дена по грозоморното зосторство, се криел на напуштен брод на Дунав, јавуваат медиумите во Србија.
Според нив, полицијата вчера околу 23 часот добила дојава од граѓанка дека убиецот е на брод во близина на островот на рибарите, по штоведнаш изегле на терен.
Истрагата се интензивирала утрово, откако била добиена потврда од сопственикот на бродот дека тој не е таму, аико од бродот доаѓало светло од упален телевизор што го издало убиецот. По добиената потврда полицијата влегла на бродот и го уапсила Јанковиќ.
Како што е претходно познато, тој со токмак ги убил својата сопруг и нејзините мајка и татко пред очите на нивните две деца.