Харадинај: Интересирањето на Србија за косовските Срби е добредојдено

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека неговата Влада е посветена да обезбеди што подобар живот за своите граѓани, вклучително и на Србите, и оцени дека е добредојдено интересирањето на Србија за граѓаните од српска националност во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изјавата Харадинај ја даде на денешната инаугурација на реконструираната катедрала во Новобрдо, одговарајќи на новинарско прашање за денешната седница во српското Собрание посветена на Косово.

– Тоа се нивни внатрешни работи, меѓутоа Србија може да се интересира за еден подобар живот на граѓаните од српска националност во Косово, рече Харадинај.

Катедралата во Новобрдо, која датира од 14. век, е реконструирана со финансиска помош од Владата на Германија, а на инаугурацијата, заедно со косовскиот премиер, присуствуваше и германскиот амбасадор во Приштина, Кристијан Хелд.

Треба да знаете
Последни објави