Пејачот Џон Бон Џови стана почесен доктор на науки за музика, а титулата му ја врачи Универзитет во Пенсилванија. Универзитетот го награди пејачот со оваа титула заради неговиот исклучителен придонес во полето на музиката, но и заради општествено-корисните активности за намалување на сиромаштијата и гладот во светот преку неговата фондација Jon Bon Jovi Soul Foundation.
„Подобро да бидеш доктор, отколку да ти треба доктор“, напиша пејачот покрај фотографиите што ги сподели на инстаграм-профилот.
Доделувањето на дипломите се одржа на 20 мај.