Не е чудно што повеќето “здрави” намирници кои се наоѓаат на полиците во продавниците се всушност нездрави.
Голем број на намирници кои се наметнуваат како “здрави намирници”, всушност, никогаш нема да се најдат на менито на нутриционистите и професионалците кои знаат како треба и што да јадат.
Нутриционистите сметаат дека овие намирници никако не би требало да се најдат на вашиот следен список за купување.
Овесна каша со додаден вкус
Инстант кашата често има додаток на шеќер и сол. Затоа обавезно гледајте кои состојки ги има кашата која ја купувате, а ако има помалку од 6 грама шеќер и помалку од 140 милиграми сол во една порција- тогаш е добра за вас.
Перек
Переците се практично направени од шеќер, а оваа намирница која е направена од рафинирани јагленохидрати нема апсолутно никаква добра страна и влијание на здравјето.
Чипс од зеленчук
Пржен чипс е пржен чипс, без оглед на тоа дали е од компир или цвекло. Повеќето од овие чипсови имаат подеднакви калории како и чипсот од компири.
Купечки путер од кикирики
Ако купувате путер од кикирики со помалку маснотии или без масти, заштедете си пари, бидејќи тие имаат речиси подеднакви калории како и редовниот путер од кикирики, бидејќи му е додадено многу повеќе шеќер кои ќе ги надомести мастите.
Сосеви за салата без масти
Сосевите содржат зеленчук и зачини кои се одлични за здравјето и за имунолошкиот систем, но ако во нив нема здрави масти телото не може да ги апсорбира овие корисни хранливи материи.