Загина тренерот на Спартак и екс селектор на Хрватска
Во сообраќајна несреќа на автопатот кај Рума, Србија загина тренерот на Женскиот одбојкарски клуб Спартак Суботица, Мирослав Аксентијевиќ.
Тој подлегнал на тешките повреди повредите откако со својот мотор удрил во товарно возило на автопатот во близина на српскиот град Рума.
Аксентијевиќ е роден во Ваљево, а од 2018 година го тренира ЖОК Спартак и оваа сезона заврши на шестото место во плеј-офот. Претходно шест години беше селектор на женската одбојкарска репрезентација на Хрватска (ја предводел на ЕП 2009 и на СП 2010).
Аксентијевиќ работел и како тренер на ОК Вараждин со кого двапати бил шампион на Хрватска (2003/04 и 2004/05).