ОЈО: Обвинение за двајца крадци кои ограбиле две куќи во Скопје

Двајцата обвинети по претходен договор и со умисла провалиле во две куќи во Скопје од каде украле вредни предмети во вкупна вредност од околу 140.000 денари, се вели во соопштението на ОЈО.

На 20 мај годинава, околу 13 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност од 112.233,00 денари.

Истиот ден, околу 15 часот, обвинетите со употреба на погоден предмет го скршиле прозорот од друга куќа, влегле внатре и по претурање одзеле накит и извршиле демонтирање и одземање на клима уреди и радијатори со вкупна вредност од 31.450,00 денари.

Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Скопје 1 Скопје против  обвинетите  со кои ги товари дека сториле кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи ценеше дека се уште постојат основите за нејзино определување.

Треба да знаете
Последни објави