СДСМ постојано покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните. За жал, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, денес е режим во обид, но нивниот систем е во распад. Очигледно е, кај ВМРО-ДПМНЕ нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту идеја за промена, а не пак да стигнат до неа.
Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта. Не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата.
На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните. Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и државата да ја вратат во темното минато на режимот.