Со целодневна агенда на настани, фото сафари и изложби на фотографии, во Крива Паланка синоќа беше заокружено овогодишното издание на интернационалниот фото-фестивал „Малински” што го организира Фото клуб „Куманово” од Куманово.
-Тридневната фестивалска програма се одржа во Куманово и Крива Паланка, а се заокружи со целодневните активности: фото-сафари во манстирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски,на кое имаше модели од уметничкото друштво „8 Октомври” од Кривопаланечкиот центар за култура, изложба на дела од македонски автори, дел од книгата „За македонцката фотографија” во Локална установа градски музеј – Крива Паланка и самостојна изложба на Божидар Барлакоски од Прилеп, во Центар за култура. Фестивалот свечено ќе биде затворен во манастирот, а ние ккао организатори сме исклучително задоволни од интересот на публиката за уметничката фотографија и посееноста на настаните , изјави Жаклина Стефановска, претседателка на Фото клуб „Куманово”.
На „Малински 2019″ беа презентирани 260 уметнички фотографии од 70 реномирани фотографски имиња, претставени на две самостојни изложби,една клупска и една меѓуклупска, републичка и интернационална изложба, а во рамки на програмата се одржаа и шест проекции и фото сафари.
Програмата годинава опфати познати фотографски имиња од Маледонија, Србија, Полска, Турција . Проектот „Малински” е подржан од Министерството за култура, а воедно е ставен и во програмата на 500 години Куманово, што е од особено значење за клубот и неговото работење.
– Подготовките за овој фестивал почнаа уште од октомври 2018, преку фото-секции и работилници што ги одржаа членовите од клубот во основните училишта „Кочо Рацин” и „Крсте Мисирков”, Куманово, а се одржа и фото работилница во месец април за лицата со посебни потреби во просториите на „Порака Наша”. Делата на учениците ќе бидасет проследени во годинашното издание, а делата од работилницата со лицата со посебни потреби е предвидена за следното издание на Фестивалот, додаде Стефановска.