Српски медиуми: Вучиќ ќе говори два до три часа пред пратениците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска пред пратениците во Народното собрание ќе претстави детален извештај за досегашните преговори за решавање на проблемите со Косово.

Сепак, на седницата нема да биде претставен деталниот план на српската страна што ќе и биде понуден на Приштина, пишува „Блиц“, повикувајќи се на неименувани извори.

Изворот за весникот наведува дека деталниот план со кој Вучиќ планира да излезе пред Приштина и меѓународната заедница нема да биде соопштен, за да не биде загрозена преговарачката позиција на Србија.

Медиумите пишуваат дека Вучиќ на посебната седница ќе говори најмалку два или три часа, но освен Косово ќе начне и други теми. Како што нагласуваат српските медиуми, Вучиќ го подготвувал говорот заедно со 30 соработници, а истотака подготвиле и одговори за евентуални прашања од страна на пратениците, пренесе „Б92“.

Треба да знаете
Последни објави