Ќерката на британскиот претприемач и поранешен шеф на „Формула 1“ Берни Еклстоун (88), Тамара (34), наводно, не зборувала со Славица (60) повеќе од една година. Според британските медиуми, мајката и ќерката не зборувале затоа што Славица премногу се мешала во семејниот и деловниот живот на својата ќерка.
„Тоа беше стресен и тажен период. Славица и Тамара беа секогаш блиски и Славица секогаш беше на нејзина страна и се грижеше за неа“, рече пријателка на семејството, додавајќи дека нивниот однос е разнишан веќе подолго време, но Тамара попуштила кога Славица минатата година завршила во болница.
„Тие се смирија и нивниот однос се враќа во нормала. Славица беше дури и на роденденот на својата внука Софи“, вели пријателката.
И додека со нејзиниот татко е во добри односи, Тамара еднаш рече дека тој и нејзината мајка Славица често се расправале во брак.