Уапсен монструмот од Нови Сад што со токмак ги уби сопругата и нејзините родители

Во Нови Сад уапсен е Горан Јанковиќ, човекот кој ги уби сопругата и нејзините родители.

Полицијата го бараше Јанковиќ три дена, а во потрагата се вклучија и хеликоптери.

Јанковиќ (36) со токмак им ги скршил главите на својата сопруга Мирјана Јанковиќ (31) како и нејзините родители, Бранислав (57) и Нада Пајиќ (57). Злосторството се случило прд очите на двете малолетни деца на Горан и Мирјана, по што постариот, дестгодишник се јвил кај вујко си и рекол што се случило.

Според полицијата, убиецот имал забрана за доближување на сопругата откако ја истепал пред две недели. Пораи тоа таа со децата дошла да живее кај родителите. Горан и Мирјана веќе два пати се разделувале, но останале заедно. Посследната кавга била поради љубомора, бидејќи сопругот се сомневал дека Мирјана има љубовник па ја истепал.

Осомничениот имал криминално досије за поседување на оружје, како и за семјно насилство.

Треба да знаете
Последни објави