Британскиот министер за животна средина Мајкл Гов и еден од кандидатите за наследник на премиерката Тереза Меј ќе понуди три милиони бесплатни пасоши на државјани на Евриопската унија.
Според Скај њуз, Мајкл Гов на прес конференција во Абердин прецизира дека бесплатните пасоши ќе им бидат понудени на жители на ЕУ кои живееле во Британија во време на референдумот за брегзит во 2016 година.
Надоместот за натурализација во износ од 1,33 фунти нема да се наплатува како гест на добра волја, потврдија соработници на Гов. Проценките се дека во Британија има три милиони државјани на ЕУ кои исполниле услов за добивање државјанство откако во таа држава минале пет години.