Венецуела доби 68 тони хуманитарна помош, испратена од Кина, во четврта таква испорака на лекови и друг медицински материјали.
Венецуелскиот министер за здравство Карлос Алварадо и кинескиот амбасадор во Венецуела, Ли Баоронг, заедно ја предводеа церемонијата за доставата на меѓународниот аеродром во Каракас.
– Оваа четврта испорака се состои од 68 тони лекови, како техничка хуманитарна помош: антихипертензиви, антибиотици и лекови за кардиоваскуларни заболувања. Исто така, добивме и аналгетици, рече Алварадо.
Лековите „веднаш ќе бидат испорачани преку мрежата на националното јавно здравје”, додаде тој. Од своја страна, Ли рече дека помошта покажува „чувство на искрено пријателство”, кое кинескиот народ го има кон Венецуела.
– Убедени сме дека ова ќе им помогне на луѓето во Венецуела, кои се соочат со тешките последици предизвикани од странските санкции, изјави кинескиот амбасадор