Најмалку 42 затвореници вчера се пронајдени задавени во четири различни затвори во бразилската држава Амазонас, каде еден ден претходно во судири на сопернички затворски банди загинаа 15 затвореници.
Локалните власти соопштија дека бруталното насилство меѓу затворските банди е вообичаено во Бразил, а насилството обично се шири на други затвори кои често се под контрола на банди поврзани со дрога.