Данчила: Предвремените избори не се опција

Романската премиерка Виорика Данчила изјави денеска дека статутарните тела на Социјалдемократската партија (ПСД) ќе одлучат дали треба да се направат промени во раководството на партијата, отфрлајќи ја можноста за одржување предвремени избори.

– Одлуките беа донесени во рамки на статутарните тела откако разговаравме со сите наши колеги. Не сум застапник на идејата дека одлуката исклучиво треба да ја донесе претседателот на партијата, изјави Данчила во пресрет на состанокот на Националното биро на ПСД.

На прашањето за предвремени избори, таа одговори дека „тоа не е опција”.

Данчила го презеде раководството на владејачката партија во понеделникот, откако поранешниот претседател Ливиу Драгнеа беше осуден на казна затвор за корупција.

Последните делумни резултати објавени денеска од страна на Централниот изборен завод покажуваат дека Националната либерална партија освои 26,33 отсто од гласовите, а социјалдемократите 23,16 отсто.

Треба да знаете
Последни објави