Експертски состанок за улогата на Антикорупциската комисија

Експертски состанок на тема „Улогата на новоизбраната Државна комисија за спречување на корупцијата”, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер” – Програма за владеење на правото во Југоисточна Европа со седиште во Букурешт и Институтот за општествени истражувања МК-91 од Скопје.

На состанокот ќе учествуваат претседателката и членови на ДКСК, претставници на академската заедница, адвокатурата, медиумите, невладините огранизации, како и дипломатскиот кор.

Треба да знаете
Последни објави