Полицијата денеска го уапси поранешниот градоначалник на Техеран, Мохамед Али Наџафи, по признавањето дека убил една од своите сопруги со пиштол во нивниот дом, јави иранската државна новинска агенција.
Полицијата го привела екс-градоначалникот кој самиот се пријавил и го признал убиството на неговата втора сопруга, Митра Остад, наведе „АП“. Жената била застрелана неколку пати, а Наџафи во полицијата кажал дека имале семејни проблеми.
Полигамијата е легална во Иран, но многумина негодуваа кога 67-годишниот политичар одлучи да се ожени со 35-годишната Митра. Тој минатата година поднесе оставка, кога беше критикуван дека присуствувал на церемонија на која танцувале млади девојчиња. Наџафи тогаш наведе дека поднесува оставка поради здравствени причини.