Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 308 возачи, од кои три возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, брзината ја надминале осум возачи, шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а еден возач не користел сигурносен појас. Издадени се вкупно 46 мандатни платни налози и девет прекршочни платни налози. Писмено се предупредени четири возачи.