Кумановец и битолчанец по кого била распишана потерница биле уапсени вчера на аеродромот во Скопје.
Според полицијата, вчера во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола било констатирано дека М.М.(30) од Куманово се наоѓа на стоп листата со мерка апси од Основен суд Куманово.
Истовремено на при пасошка контрола и проверка на аеродромот, било констатирано дека и М.Д.(24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка апси, од СВР Битола.
Двајцата биле уапсени и однесени во ПС КИсела Вода за понатамошна постапка.