Филипче го разреши директорот Беља

Валон Беља не е повеќе економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

 

Одлуката за негово разрешување ја донел министерот за здравство Венко Филипче поради несоодветен настап на Беља. Кавгата помеѓу двајцата диркеторки почна кога Беља на својот профил напиша дека има проневри на клиниката и дека ќе пријави во јавното обвинителство. На прес реагираа од клиниката за гинекологија со објаснување дека Беља барал хонорано да ангажира двајца советници, Јовановска не гледала причина за овие вработувања и не потипишала.

За време на пресот во гинекологија не се видовме со економскиот директор, не беше таму. Беља до обвинителство поднесе пријава.

За него проблем било што имало малку вработени Албанци на клиниката, а на прашањето зошто му се потребни двајца советници не одговори.

Валон Беља во јавноста е познат кога во него пред нова година беше пукано во престрелка и за него има три кривични пријави.

 

Треба да знаете
Последни објави