Во понеделникот вечерта во дворецот Версај се одржа забава под маски на која присуствуваа 630 гости.
Годишниот настан привлекува љубители на модата и историјата од целиот свет.
„Навистина се чувствуваме како да живееме во тоа време, во 18-тиот век, а луѓето изгледаат толку убаво. Навистина е прекрасно да се видат луѓе облечени во убави костими. Секој игра лик и навистина ми се допаѓа“, рече 45-годишната Изабел Лапејре.
Овогодишната тема „Марија-Антоанета и модата“ им овозможи на гостите да се внесат во декадентниот животен стил на контроверзната кралица. Посетителите, исто така, имаа и шанса да ги посетат приватните одаи на Луј XIV и Марија-Антоанета, како и оние на Мадам Помпадур, љубовница на Луј.
Влезниците за настанот чинеа меѓу 150 и 510 евра, а активности вклучуваа лекции по барокни танци и приватен концерт во просторијата на кралицата за гостите кои купиле најскапи влезници. На крајот на вечерта гостите беа почестени со огномет во градините на дворецот.