На скопскиот аеродром уапсени битолчанец и кумановец по кои била распишана потерница

Кумановец и битолчанец по кои била распишана потерница се уапсени вчера на аеродромот во Скопје, потврди МВР.

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера при пасошка контрола било констатирано дека М.М.(30) од Куманово се наоѓа на стоп листата со мерка апси од Основен суд Куманово.

Истовремено на при пасошка контрола и проверка на аеродромот, било констатирано дека и М.Д.(24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка апси, од СВР Битола.

Двајцата биле уапсени и однесени во ПС КИсела Вода за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави