СДСМ: Ние ги слушаме пораките од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги следи насоките од Будимпешта

СДСМ започна суштински и системски промени кои имаат за цел забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

Одново СДСМ покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните.

Тоа не е случај и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски каде нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту една идеја за нешто да се промени. Денес ВМРО-ДПМНЕ се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција а нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата. Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта. На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните.

Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и да ја вратат државата во темното минато на режимот.

 

Треба да знаете
Последни објави