Скопјанецот В.Ј.(45) бил тешко повреден откако паднал со моторот што го управувал, вчера на Водно.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 18 часот на сервисната улица која води кон Водно.
В.Ј. управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, В.Ј. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.