Швајцарско гратче банкротира поради затворање коцкарница

Кампионе д’ Италија, мала италијанска енклава на брегот на швајцарското езеро Лугано, се бори да преживее откако главниот извор на приходи, големa коцкарница, прогласи банкрот.

„СОС, Кампионе е мртов”, напишано е на голем транспарент поставен спроти коцкарницата.

Според медиумите, околу 500 работници ги загубиле своите работни места во коцкарницата чие затворање имало катастрофални последици. Имено, со децении тоа беше единствената причина за напредокот на овој град, кој се наоѓа на 23 километри од Италија.

Судот во Комо, кој е задолжен за Кампионе, нареди затворање на коцкарницата бидејќи обврските кон локалните власти не беа исполнети.

Меѓутоа, локалните жители и натаму се надеваат дека ќе дојде до пресврт во нивна корист. Сега тие бараат помош од Рим.

„Кампионе е италијански. Италија не може да го остави“, велат претставниците на синдикатите.

Жителите ѝ плаќаат данок на Италија, но сè друго е швајцарско, вклучувајќи ги и валутите, регистарските таблички и повикувачките броеви.

Треба да знаете
Последни објави